Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 56,1 проценти од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ
Македонија

56,1 проценти од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ

21/05/2023

AA

Вкупно 56,1 проценти од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5 проценти од анкетираните даваат поддршка за уставни измени, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3 отсто од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4 проценти од Македонците се против.

-Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2 отсто од анкетираните. Сосема различните ставови на Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8 проценти од етничките Албанци се против уставни измени. Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата, се наведува во истражувањето.

Анкетата покажува дека 75,4 проценти од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени, наспроти само 17,3 проценти кои рекле дека немаат информации.

60,8 отсто од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1 отсто не очекуваат негативни последици. И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци.

Додека 71 проценти од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31 проценти од Албанците кои во мнозинство од 42 проценти сметаат дека нема да има негативни последици.

Ваков став делат само 11,2 отсто Македонци. Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5 проценти велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3 проценти сметаат дека ќе има.

И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2 проценти етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6 отсто од Македонците.

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не даде поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42 отсто од анкетираните додека една четвртина или 25 отсто очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот.

Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3 проценти етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти.

Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2 проценти додека секој трет Албанец или 33 отсто од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

-Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3 процети од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7 отсто од анкетираните. И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 57,9 отсто етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9 отсто велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени, се вели во истражувањето.

Кај Албанците 78,5 проценти даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7 проценти се против. Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy