Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија
Економија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

27/11/2024

AA

Денес, во
свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа пленарниот состанок
на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо
поврзување, со фокус на потсекторот Енергија.

На настанот
учествуваа над 50 претставници од домашни и меѓународни институции, донатори,
невладиниот сектор и бизнис-заедницата, со дополнителни учесници кои го следеа
состанокот онлајн.

Настанот го отвори
министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, г-ѓа Сања
Божиновска, која ги презентираше целите и приоритетите на Министерството во
насока на спроведување на реформите за одржлива енергетска транзиција.

„Активно работиме
и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и
енергетска независност на земјата. При имплементацијата на енергетската
политика, соработуваме со експерти, со нашите меѓународни партнери чија помош е
витална за успешно спроведување на реформите, со академската и бизнис заедница,
невладините организации, а се со цел транспарентност и успешност на зацртаните
планови. Целта е да имаме иновативни идеи и брза модернизација и унапредување
на енергетскиот сектор. Тоа ќе го направиме многу транспарентно и ќе бидеме фер
кон сите играчи во овој процес. Што значи нема да дадеме приоритет само на една
компанија, сакаме да сме отворени и да дадеме еднакви можности за сите. Ќе ги
зголемиме геолошките истражувања за утврдување на нови можности за минерални
суровини во досега неистражени подрачја, но потенцирам дека приоритет ќе биде
здравјето на граѓаните. Нема да правиме ништо што не е во согласност со
најновите стандарди на ЕУ и ќе ја слушнеме волјата на граѓаните.“ истакна Божиновска

ИПА 3 – Прозорец 3
претставува рамка за финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за
зајакнување на зелената агенда и одржлив енергетски сектор, а во рамките на
оваа програма ќе бидат обезбедени финансиски средства во висина од 5,2 милиони
евра за поддршка на проектите за намалување на штетните емисии, зголемување на
енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија.

Овие средства се
значаен чекор напред кон постигнување на целите за зелена енергетска
транзиција. Соработката меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор е
клучна за успешно искористување на овие фондови.“, истакна министерката
Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
Македонија

Атентатот врз Глигоров и смртта на Трајковски – две трагедии

10/09/2026
Македонија

Гоцевски открива што се подготвувало пред независноста: Форумот работел на

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Апостолски ми остави аманет – Македонија мора да работи

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45627
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек нема, закрепнувањето трае со месеци

10/09/2026

Западнонилската треска може да остави долготрајни невролошки последици, а процесот на целосно закрепнување кај пациентите со потешка форма може да

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026

Поранешниот функционер Трајан Гоцевски изнесе тврдење дека загинувањето на претседателот Борис Трајковски во авионската несреќа во 2004 година не било

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и дека Скопје 100 години ќе

10/09/2026

Првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски за 4ТВ ги открива драматичните закани од ЈНА и битката за спасување на скопскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy