Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во Србија
Македонија

48 часа притвор за двајца осомничени за запленетата марихуана во Србија

18/02/2026

AA

По предлог на обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е одреден краткотраен притвор во траење од 48 часа, откако претходно биле сослушани во својство на осомничени. Мерката ја определил судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје.

Од Обвинителството информираат дека по спроведените дејствија и анализата на прибраните докази, постојат основи на сомнение оти осомничените преземале активности поврзани со запленетите пет тони марихуана во Србија. Поради тоа, јавниот обвинител доставил образложен предлог за определување краткотраен притвор.

Како што се наведува во соопштението, мерката е побарана со цел обезбедување на присуството на осомничените и создавање услови за непречено преземање на неопходните процесни дејствија, како и за носење одлука за понатамошниот тек на постапката.

Од ОЈОГОКК посочуваат дека во предмети со поголема сложеност, особено кога станува збор за случаи со меѓународен карактер, законските рокови се ограничени, што ја оправдува примената на краткотраен притвор.

Обвинителството најавува дека продолжува со интензивни активности во рамки на истрагата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за развојот на случајот, согласно законските можности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy