Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци!
Македонија

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци!

04/06/2025

AA

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна поддршка сè уште е речиси невидлива, пишува кочанската Канал8.

Лекувањето од изгореници бара континуирана нега и скапи медицински средства, а поголемиот дел од трошоците паѓаат на товар на семејствата.

По третманот во болниците низ земјата и во странство, родителите секојдневно ги обезбедуваат потребните материјали и терапија за своите деца. Некои се приморани да ја напуштат работата или да земат боледување, што дополнително ја влошува финансиската состојба.

„Ни беше ветено дека државата ќе ги покрие барем трошоците за престој додека децата беа на лекување во странство, но досега ни тоа не е реализирано. Една специјална лепенка за изгореници чини меѓу 35 и 55 евра, а потребни се неколку неделно. Трошоците се движат до 500 евра месечно – само за материјали“, вели татко на повредена девојка.

Наместо во Кочани, контролите се прават во Скопје, а семејствата ги покриваат трошоците за патување, кои може да изнесуваат и над 100 евра месечно. Некои деца посетуваат и психолози, но таа помош не е покриена од државата. Родителите се и психички истоштени – не само од здравствената битка, туку и од личната загуба, бидејќи некои изгубија блиски во трагедијата.

Од Министерството за финансии соопштија дека од државниот буџет досега се обезбедени околу 500.000 евра, од кои 200.000 се наменети за повредените во странство. Дополнителна поддршка пристигнала преку Црвениот крст, каде се собрани над 100 милиони денари, но родителите велат – помошта е недоволна, нередовна и не стигнува до сите.

Лекувањето, рехабилитацијата и психолошката поддршка, според лекарите, ќе траат најмалку една година, а за многу семејства тоа е товар што едвај го поднесуваат. За нив ова е долга, болна и неправедна борба, во која не се чувствуваат поддржани од државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Економија

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во

19/10/2026
Македонија

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според

19/10/2026
Македонија

📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО

19/10/2026
Македонија

dm СО ПРИЗНАНИЕ НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Ја потврди лидерската позиција

19/10/2026
Македонија

РЕШЕНИЕТО ЗА ЈАЗИКОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

19/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ВЕРУВА ВО ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА СО 4.000 ГЛАСА Очекува

19/10/2026
Македонија

СПАСЕНА МЕЧКА ВО ВЕЛЕШКО, СЕ ФАТИЛА ВО НЕЛЕГАЛНА СТАПИЦА Ветеринар

19/10/2026
Македонија

3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46258
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во Македонија!

19/10/2026

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на нафтените деривати во Северна Македонија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според партијата, поддршката ѝ пораснала за

19/10/2026

По катастрофалниот пласман на кандидатот на СДСМ на вчерашните избори во Брвеница, од Аналитичкиот центар на Социјалдемкратскиот сојуз оценуваат дека,

📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО СТИГНА ДО ПОЛИЦИЈАТА Шеснаесетгодишник од

19/10/2026

Шеснаесетгодишник од штипско управувал мотоцикл на едно тркало, загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот, иако сè уште немал право да управува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy