Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ ВЕРУВА ВО ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА СО 4.000 ГЛАСА Очекува гласови од сите етнички заедници во вториот круг
Македонија

МИЦКОСКИ ВЕРУВА ВО ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА СО 4.000 ГЛАСА Очекува гласови од сите етнички заедници во вториот круг

19/10/2026

AA

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Општина Брвеница има предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ, додека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е повеќе од 4 спрема 1, рече премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Вчера ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница, со огромен резултат. Тоа е значајна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион. Во вториот круг очекувам уште поголема поддршка од граѓаните без разлика на етничката припадност и уште подобар изборен резултат, за да ја заокружиме целосно победата на 1 ноември. Знаете тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност до граѓаните на Брвеница кои што излегоа и ја поддржаа победата на ВМРО-ДПМНЕ, со некаде отприлика 3.000 гласа. Очекувам таа бројка после вториот круг да се искачи на рекордни 4.000 гласа – рече Мицкоски.

Верувам во конечната победа, додаде тој.

– Општината Брвеница од аспект на етничка конфигурација е таква каква што е. Но, ние пледираме на гласови од сите етнички заедници и благодарност на сите граѓани на Брвеница без разлика на етничката припадност што излегоа и дадоа поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Мицкоски.

Тој денеска беше во посета на општината Чешиново Облешево, на пуштање во употреба на улицата Прохор Пчински во населеното место Чифлик.

– За мене е задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, какква што е општината Чешиново Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина – рече Мицкоски.

Тој најави дека Владата за следната година планирае нов повик со којшто од централниот буџет ќе се финансираат проекти на општините.

– Нешто што ќе биде континуитет на она коешто го започнавме од првиот момент кога бевме избрани како Влада. Така што и тоа ќе биде една додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните во оваа прекрасна општина. И исто така, конечно да се реши, би рекол, она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во реформската агенда да добиеме топ-ап или додаток на оние 750 милиони евра коишто претходно ги добивме. Знаете таму структурата каква е: една третина е ликвидност во буџетот, една третина е грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а третата третина е евтин кредит којшто започнува да се исплаќа од 2035 година. Очекуваме да добиеме значајна сума во тој додаток и еден од приоритетните проекти ќе биде токму овој за којшто зборувавме денеска со градоначалникот. Така што тој проект мора да се случи и ќе се случи – рече Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

dm СО ПРИЗНАНИЕ НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Ја потврди лидерската позиција

19/10/2026
Македонија

РЕШЕНИЕТО ЗА ЈАЗИКОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

19/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ВЕРУВА ВО ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА СО 4.000 ГЛАСА Очекува

19/10/2026
Македонија

СПАСЕНА МЕЧКА ВО ВЕЛЕШКО, СЕ ФАТИЛА ВО НЕЛЕГАЛНА СТАПИЦА Ветеринар

19/10/2026
Македонија

3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите

19/10/2026
Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби

19/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да

19/10/2026
Македонија

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за

19/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46255
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

dm СО ПРИЗНАНИЕ НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Ја потврди лидерската позиција во „Трговија на мало со

19/10/2026

На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, компанијата dm дрогерие маркт и оваа година го доби признанието за најуспешна

РЕШЕНИЕТО ЗА ЈАЗИКОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ НЕ СЕ НОСИ ЗАД ЗАТВОРЕНИ

19/10/2026

Сакаме да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение, кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти

СПАСЕНА МЕЧКА ВО ВЕЛЕШКО, СЕ ФАТИЛА ВО НЕЛЕГАЛНА СТАПИЦА Ветеринар ја успал за да ја

19/10/2026

Кафеава мечка стара околу 3 години беше спасена откако била фатена во нелегално поставена метална сајла во месноста Чеплес, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy