
30 години дипломатски односи меѓу САД и Македонија
Оваа година се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на целосни дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија.
Амбасадата на САД во Скопје по овој повод најави дека во текот на месецот ќе споделува клучни моменти од долгогодишната соработка и партнерство меѓу двете земји.
„Следете нè! #USMK30“ – стои во објавата на амбасадата, со што се повикува јавноста да биде дел од одбележувањето на оваа значајна годишнина.