Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Екс директорот на геријатрија и негувателот не се чувствуваат виновни за примањето мито од 20 илјади евра
Македонија

Екс директорот на геријатрија и негувателот не се чувствуваат виновни за примањето мито од 20 илјади евра

01/09/2025

AA

Поранешниот директор на геријатрија, Мухсин Арифи, и негувателот Блерим Амити денеска пред Кривичниот суд изјавија дека не се чувствуваат виновни за случајот во кој се обвинети за примање мито од 20 илјади евра за сместување на пациентка во специјализираната болница.

Според обвинението, Арифи ги побарал парите како гаранција за обезбедување место за 42-годишна пациентка во тешка здравствена состојба, а Амити посредувал во предавањето на парите, при што бил фатен од полицијата.

Обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека располагаат со цврсти докази против двајцата обвинети, оценувајќи ја нивната одбрана дека се работи за „недоразбирање“ како неоснована.

„Доказите што ќе ги презентираме пред судот недвосмислено укажуваат дека станува збор за класичен случај на барање мито и поткуп за постапки што директорот бил должен да ги изврши“, рече Хаџи Василева.

Одбраната, пак, преку адвокатот Скендер Мехмети возврати дека нивната аргументација не треба да се омаловажува и најави дека преку сведоци и материјални докази ќе докажат дека Арифи и Амити немале намера да сторaт кривично дело.

Обвинителката во воведниот говор додаде дека случајот е показател за длабоко вкоренета корупција, но и дека охрабрува фактот што сè повеќе граѓани се решаваат да пријават побарување поткуп.

Според обвинението, Арифи очекувал вкупно 100 илјади евра по продажбата на стан од 94 квадратни метри во Капиштец, сопственост на пациентката. Случајот го пријавила нејзината старателка, која на следното рочиште треба да сведочи како прв сведок.

Арифи се товари за примање поткуп, а Амити за награда за противзаконито влијание.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy