Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 30 дневен притвор за Александар Нацев!
Македонија

30 дневен притвор за Александар Нацев!

10/06/2025

AA

Основниот суд во Кочани му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, по проширувањето на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани.

Нацев е осомничен за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 млади лица. Обвинителството утврдува дека тој раководел со целокупното работење на агенцијата, заедно со веќе осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Иако дискотеката била физички обезбедувана, според Обвинителството, агенцијата „Рубикон“ немала склучен официјален договор за обезбедување на објектот – што е клучен момент во истрагата, со оглед на обврските и одговорностите кои произлегуваат од Законот за приватно обезбедување.

Александар Нацев е универзитетски професор, а пред десетина години беше и директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy