Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 214-та владина седница, ова се новите одлуки
Македонија

214-та владина седница, ова се новите одлуки

28/12/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за здравство за вработување здравствени работници и здравствени соработници за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.

Владата донесе Одлука за вработување на неопределено време на вкупно 1.117 лица, здравствени работници и помошно-технички работници.

Според образложенијата од Министерството за здравство и Министерството за финансии, во утврдувањето на горепосочените вработувања, земени се предвид испразнети места во јавните здравствени установи по основ на пензионирања и на веќе дадени согласности за вработувања.

Средствата се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид.

Потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8.

Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира.

Одлуката е донесена по Информацијата од Јавното претпријатие за државни патишта, базирана на доставени наоди од Главен Надзор и Надзор на тунел, дека поради реални причини, има потреба од продолжување на крајниот рок, 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, а при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања.

Првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување.

Владата, според одлученото на седницата, препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови). Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата.

Владата донесе Одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза.

Со оваа одлука, за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, се укинуваат визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза, при што должината на нивниот престој во Република Северна Македонија може да биде најмногу до 15 дена, а важноста на важечката британска, американска и канадска виза треба да биде 5 дена подолго од планираниот престој во Република Северна Македонија.

Како што е образложено од предлагачот, Министерството за надворешни работи, во периодот 2016 – 2023 година беа времено укинати визите за краткорочен престој (виза Ц) во државава (90 дена во текот на 180 дена, сметано од денот на првото влегување) за државјаните на трети земји кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза. И, имајќи ги предвид позитивните влијанија на оваа одлука врз привлекувањето странски туристи и јакнењето на бизнис контактите, се предлага донесување ваква одлука и за 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45683
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до пладне сончево, попладне дождливо

19/09/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има повремени

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ Под

19/09/2026

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy