
18-ГОДИШЕН МИГРАНТ ОД ЕГИПЕТ СЕ ГОНИ ЗА КРАЖБА Украл предмети од контејнер на Црвен Крст

Осумнаесетгодишен државјанин на Египет е приведен поради сомнение дека извршил кражба во Транзитниот центар Табановце.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Х. (18), кој се сомничи дека одзел предмети од контејнер во сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово.
Осомничениот е приведен во полициска станица, а против него до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка.
.
