Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје
Македонија

12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје

09/11/2023

AA

Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди за МИА, примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје – Скопје.

– Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Коменски“ и уште едно училиште. Сите овие случаи се со потврдени резултати, не само клинички, туку и лабораториски, појасни таа.

Денеска, како што појасни, имале и други активности, увиди во школи, магацини во кои се складира храна, а утре ќе се продолжело со други контроли, каде што била доставена храна, бидејќи денеска не се можело се да се опфати.

Бајрами, исто така, информира дека имало најава и за уште еден друг случај, каде родители се јавувале за симптоми кај деца, но тој се уште не бил потврден и немало ништо конкретно.

Таа апелираше родителите да ги носат децата на лекар, укажувајќи дека некои од нив несовесни ги чувале во домашни услови со симптоми.

– Ако не посетат лекар, ние не можеме да добиеме пријава. Чекаме резултати од вчера земени примероци, а и утре ќе се земаат примероци. Ќе видиме понатаму, каде е изворот, изјави Бајрами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy