Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 11 приведени: Истрага против 33 лица за злоупотреби и перење пари во ЕСМ Дистрибуција
Македонија

11 приведени: Истрага против 33 лица за злоупотреби и перење пари во ЕСМ Дистрибуција

19/12/2025

AA

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18.12.2025 година и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33 лица, поради основано сомнение дека сториле кривични дела од економско-финансиска природа. Сите осомничени лица се товарат за кривично дело Злосторничко здружување. Дополнително, седум лица дел како помагачи, а дел како поттикнувачи, се осомничени за продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, 12 лица за продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на 20 лица на товар им се става дека, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Според наводите во наредбата за истрага, во текот на 2023 година тројца осомничени како службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и четворица управители и/или сопственици на двете осомничени правни лица создале група со цел вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Кон групата се приклучиле останатите 26 осомничени лица.

Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност и постапиле спротивно на законските прописи и внатрешните акти. Истите договориле на огласот за јавна набавка, да се пријават двете осомничени правни лица од Скопје и од Куманово. Правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со непотполна документација и со понуда повисока од понудената цена од правното лице од Скопје, кое понудило речиси идентичен износ со проценетата вредност на јавната набавка, иако вредноста не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствие овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 472.470.407 денари со ДДВ, односно 7.682.445 евра на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.

По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела, пријавените од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на паричните средства, истите во вкупен износ од 125.556.930,00 денари, односно 2.041.576 евра​, ги пуштиле во оптек, примиле и пренеле и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, достави предлози што беа прифатени од судот и со Решение на седум лица им е определена мерка притвор, додека за шест лица се определени мерки за обезбедување на присуство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy