Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
Македонија

106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден

04/03/2025

AA

Во текот на вчерашниот ден (03.03.) а како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени 841 платен налог по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките показатели, и натаму најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволената – 135, како и на непрописното паркирање – 212, а пак, зад нив следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 68; потоа некористење на сигурносен појас – 60; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 48. Она што е впечатливо за сообраќајните контроли вчера, е фактот дека по однос на прекршоците поврзани со неправилното престигнување беше забележан најголем скок од дури 106 евидентирани такви прекршоци, што е најголем статистички параметар за овој вид прекршоци од почетокот на годинава до сега.

Инаку вчера, покрај ова, беа регистрирани осум случаи на возачи кои што управувале возило под дејство на алкохол, тројца минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Од сообраќај беа исклучени и осум технички неисправни возила, како и 24 нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи продолжувајќи со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
Македонија

ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен

18/10/2026
Македонија

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ ИЗБОЛЕ СО НОЖ НИВНИ СОГРАЃАНИ ВО СТАН ВО

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46240
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги соопшти првичните резултати

18/10/2026

Според првичните резултати од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница од обработение податоци од сите 24 избирачки места, најмногу

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала облачност и слаб ветер

18/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во Брвеница?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од првиот круг на вонредните избори за градоначалник на Општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy