Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 10 полицајци влегле во Пулс минути пред пожарот, должни биле да ја прекинат забавата и спречат пиротехниката, рече обвинителката Трајчева
Македонија

10 полицајци влегле во Пулс минути пред пожарот, должни биле да ја прекинат забавата и спречат пиротехниката, рече обвинителката Трајчева

30/01/2026

AA

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска со Судот поднесе три обвиненија. На брифинг со новинарките обвинителката Ивана Алексова Трајчева рече дека минути пред пожарот во објектот влегле 10 обвинители, од кои еден сега е починат.

„Пракса е штом полицијата влезе во објектот, веднаш да се вклучат светлата и да се гаси музиката. Иако тоа не е стриктно по правилник, тоа е воспоставена пракса на работа за да се смири ситуацијата. Тие требало да ја исклучат пиротехниката кога влегле, но не го сториле тоа,“ појаснија од обвинителството.

Оваа четврта кривична пријава, поднесена во јуни, сега е процесуирана во обвинителен акт.

Второто обвинение опфаќа 9 полициски службеници (првично биле 10, но еден од осомничените, Владо Петров, во меѓувреме починал). Тие се гонат за периодот 2022 и 2023 година за издавање согласности за исполнетост на услови.

Клучен проблем бил паркингот. Според законот и квадратурата, дискотеката морала да има најмалку 20 сопствени паркинг места. „Не може да се прифати туѓ паркинг или јавна површина. Тие морале да бидат во сопственост на објектот. Но, по барање на сопственикот, полицајците потпишале дека условите се исполнети,“ велат од ОЈОГОКК.

Во периодот 2024-2025 година клубот немал активна лиценца, а една година работел со фалсификуван документ. Овие службеници немале надлежност за внатрешни контроли, туку само за надворешните услови (паркинг и ред).

Третото обвинение се однесува на тројца полицајци (еден од нив се појавува и во претходното обвинение) за злоупотреба на службената положба. Во текот на 2022, 2023 и 2024 година, при констатирање на прекршоци – како присуство на малолетници – тие во записниците наведувале „неактивно правно лице“ или погрешни податоци. Со ова, прекршочните постапки пропаѓале, а сопствениците и правното лице избегнувале плаќање казни.

Истрагата била маратонска и опфатила период од една деценија.

За дел од полицајците кои постапувале во периодот од 2012, 2018 и 2019 година, истрагата е запрена бидејќи или настапила застареност или немало елементи за кривично дело. За тројца службеници предметот е отстапен на ОЈО Кочани бидејќи станува збор за полесни дела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45707
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана на патот Струмица–Берово

21/09/2026

Полицискиот мобилен тим „Task Force“ на БЈБ пронајде марихуана во џип „дачија дастер“ при контрола на паотт Струмица–Берово во источниот

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го

21/09/2026

Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ ровер“

21/09/2026

47-годишен жител на струмичкото село Секирник загинал откако бил удрен од автомобил „ренџ ровер“ на влезот во селото. Несреќата се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy