
Звезда надополни -16 и пак не успеа да победи
До вечерва, белградскиот тим имаше 8-1 во меѓусебните дуели со Шпанците, но сепак загуби со 81-85 за уште едно големо разочарување. Маката е уште поголема ако се знае дека домаќините на овој меч водеа со 16 поени разлика на полувреме, во финишот Звезда израмни на 81-81, но сепак не успеа да го комплетира пресвртот.
Во клучните моменти Нејпир и Теодосиќ имаа големи промашувања при шут од далечина, Теодосиќ не искористи и еден влез кон противничкиот кош и тоа скапо го чинеше неговиот тим.
За разлика од Звезда, Виртус вечерва направи огромен пресврт во дуелот со Барселона. Италијанскиот шампион, исто така, имаше 16 поени негатива во втората четвртина (20-36), но второто полувреме го доби со 47-30 и на крајот дојде до триумф.
Интересно е тоа што сите четири вечерашни натпревари беа толку тесни што завршија со победи изразени меѓу еден и пет поени разлика.
РЕЗУЛТАТИ
Асвел – Макаби 91-94
Басконија – Фенербахче 80-79
Валенсија – Црвена Звезда 85-81
Виртус – Барселона 80-75
