Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?
Економија

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

27/12/2024

AA

Нова голема трансакција со акции во „Македонијатурист“ во која за првпат една од фирмите која, што се вели „до вчера“ купуваше сега продаде речиси половина од своите акции. Нови акционери се две скопски компании кои досега немале допирни точки со угостителство и хотелиерство

Најголемата хотелиерска компанија во земјава „Македонијатурист“ доби два нови акционери – милионери. Тоа се две скопски компании на кои заедничко им е тоа што немаат никаква врска со угостителство и хотелиерство.

Акционерската книга на „Македонијатурист“ од средата покажува дека нови акционери се скопските фирми „Смелт-ИНГ“ и „Интер-Протект“. Првата се заминава со инженерство и техничко советување поврзано со инженерството, а втората е трговска фирма специјализирана за големопродажба на електронска и телекомуникациска опрема.

„Смелт -ИНГ“ купи 8.000 акции односно 1,8 отсто од сите акции во „Македонијатурист“ и за тоа плати 1,43 милиони евра. „Интер-Протект“ превзеде 7.000 акции односно 1,55 отсто од сите акции и за нив плати 1,27 милиони евра.

„Смелт-ИНГ“ има 6 сопственици, домашни физички лица предводени од Горан Антевскии, а „Интер-Протект“ има 1 сопственик и неговото име е Драган Стоевски. Тој е реномиран домашен бизнисмен кој е генерален директор на техонолошката компанија „Раде Кончар ТЕП“, член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, а е активен и во Стопанската комора на Македонија.

Продавач на акциите е М.Г. Фешн компанија која досега поседуваше 7,7 отсто од акциите. Сега по оваа продажба М.Г. Фешн поседува 4,4 отсто од акциите. М.Г. Фешн стана акционер неодамна така што во два наврати купи акции од Соња Бибановска (на иста цена по која сега и ги продаде н.з.) и од Доне Таневски.

За инвеститорската јавност значајно изненадување е потегот на М.Г. Фешн. Затоа што во врска со купувањето акции во „Македонијатурист“ остави впечаток дека има поголеми амбиции за нејзината позиција во акционерската структура. А особено затоа што купуваше акции по највисоки цени прво до Соња Бибановска, а потоа и од Доне Таневски.

Сега во инвеститорската јавност има разногласија за тоа дали оваа компанија ќе продолжи да купува акции или и понатаму ќе продава од своите акции во „Македонијатурист“. Според акционерската книга од средата (25 декември) М.Г. Фешн има 4,4 отсто акции во „Македонијатурист“. Каков ќе биде развојот на настаните во „Македонијатурист“ ќе покаже времето.

Како и да е инвеститорската заедница, заради големите промени во акционерската структура очекува во скоро време и акционерско собрание на кое оваа голема компанија би добила и нова управа.

Најголем поединечен акционер во хотелиерската компанија е „Скопски пазар“ кој поседува 19,7 отсто од сите акции со право на глас. Дополнително позицијата на „Скопски пазар“ ја засилува и македонската компанија со седиште во Прилеп односно „Современ дом“ кој поседува 4,2 отсто од акциите. Токму овој факт ги демантира во целост небулозните шпекулации дека тоа што „Скопски пазар„ купувал акции во „Македонијатурист“било обид за влијание по етничка линија во управувањето со најголемата хотелиерска компанија во земјава. Дополнителен аргумент за неиздржаноста односно небулозноста на тие шпекулации е тоа што еден од бизнисмените кои го поседува „Скопски пазар“, а на кој небулозно му се лепеше етикета за етничко влијание, долги години е и член на Надзорниот одбор на најголемата македонска деловна банка.

Втор најголем акционер во „Македонијатурист“ е Симеон Павлов кој поседува акции лично, но и преку неговата компанија „Чеза Комерц“. Павлов кнтролира 17,1 отсто од акциите и тоа лично 10,5 отсто и уште 6,2 отсто кои се сопственост на „Чеза Комерц“.

Трет најголем акционер е скопска „Промедика“ која има 11,45 отсто од акциите. Воедно заедно со акциите на „Промедика Офталмологија“ ова друштво контролира 12,75 отсто од акциите.

Доне Таневски, актуелен претседател на Надзорниот одбор и долгодишен директор на „Македонијатурист“ поседува 10,7 отсто од акциите.

Во сопствен откуп „Македонијатурист“ чува 10 отсто од акциите и тука завршува листата на големи акционери во оваа компанија.

Во „фри-флоут“ односно на слобен пазар се достапни уште околу 18 отсто од акциите на „Македонијатурист“. Тоа се претежно акции што ги поседуваат домашни физички лица.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy