Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА КОПАОНИК КАКО СЕ ДА Е ПОЗЛАТЕНО! Детален ценовник за храна и пијалоци
Регион

НА КОПАОНИК КАКО СЕ ДА Е ПОЗЛАТЕНО! Детален ценовник за храна и пијалоци

27/12/2024

AA

Во екот на зимската и скисезона, која се очекува да биде навистина исполнета ова зимо, со оглед на фактот, што на Балканот има солидни количини снег, дел од медиумите во соседството направија обиколка на угостителските објекти на еден од најпосетуваните зимски центри во соседна Србија. 

Како што тоа го правеше во изминативе 13 години, тимот на новинари од веб порталот infoKOP.net посети поголем дел од скијачките кафулиња и скијачките бифе (вкупно 24 места) лоцирани на падините на Копаоник, каде ги проверија цените на храна и пијалоци и ги спореди со минатогодишните и претходните сезони.

По тој повод направија споредба на 26 ставки кои ја претставуваат „Копаоничка инфоКОП потрошувачка кошничка“ и еве до кои заклучоци дојдоа.

– Доколку оваа година би ги купиле сите артикли од нашата потрошувачка кошничка по најниски цени, ќе треба да потрошите 11.770 динари (6.000 денари) или 21.889 (11.000 денари) по најскапи цени. Значи, процентуално, 85,97 отсто е варирањето во цената меѓу најевтината и најскапата кошница. Ако се споредат цените со ланските, најевтината потрошувачка кошничка била 11.130, а најскапата 21.240 динари. Процентуалната разлика тогаш беше 90,84 отсто. Ако ги погледнеме цените од пред две години, најевтината потрошувачка кошничка била 9.945, а најскапата 20.660 динари. Пред три години најевтината потрошувачка кошничка беше 6.890, а најскапата 16.900. Процентуалната разлика тогаш била 145,28 отсто – наведуваат на овој портал.

Но, она што сите ги интересира е токму колкави се разликите во цените во однос на минатата година. ИнфоКОП го наведува заклучокот дека,

Споредувајќи ги минатогодишните најевтините со овогодинешните, реалниот раст на цените изнесува 5,75 отсто, додека најскапите скокнале за само 3,06.

– Ако се гледа двегодишниот тренд, најевтините цени реално пораснале за 18,35 отсто, додека најскапите скокнале за 5,95. Во тригодишниот период најевтините цени реално поскапеле за 70,83 отсто, а најскапите скокнале за 29,52 – велат авторите на инфоКОП.

Во оваа анализа ги истакнаа цените за 26 артикли кои ги вклучија во „Копаоничка инфоКОП потрошувачка кошничка“:

Алкохолни и силни пијалоци

Ракија – 330-550 динари (170 – 270 денари)

Варена ракија – 300-520 динари (150-260 денари)

Пелинковац – 300-540 динари (150-270 денари)

Домашни пива од 0,33 – 320-550 динари (160-275 денари)

Варено вино – 330-700 динари (160-350 денари)

Вотка – 350-750 динари (170-375 денари)

Виски Ballantines – 390-999 динари (200 – 500 денари)

Виљамовка од 0,03 – 370-650 динари (160-325 денари)

Во продолжение и останатите понуди, цените се во српски динари, кои грубо се дуло од македонскиот денар. 

Газирани, негазирани и енергетски пијалоци

Газирани сокови – 300-460 динари

Ред Бул – 450-790 динари

Кафе, чаеви и чоколадни пијалоци

Редовно кафе – 180-330 динари

Кафе еспресо – 230-360 динари

Нес кафе – 290-470 динари

Чај – 240-490 динари

Минерална вода – 200-395 динари

Топло чоколадо – 300-530 динари

кафе-1.jpg

Фото: Shutterstock, Илустрација

Храна

Палачинки (мали/големи) – 380-870 динари

крофна – 200-590 динари

Бургер – 580-1850 динари

Ќеевапи 10 парчиња – 1.150-1.750 динари

Гибаница – 230-850 динари

Пунџа со крем – 300-700 динари

Топол сендвич – 350-1.150 динари

Свинско/јагнешко 1кг – 3.000-4.000/3.500-5.000 динари

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45301
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот во Шуто Оризари

28/08/2026

Стевче Јакимовски речиси три недели бил хоспитализиран поради здравствени тегоби, а пред два дена е вратен во Казнено-поправната установа Затвор

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден час

28/08/2026

Иако се работи за само три дена, граѓаните не се откажуваат од краток викенд на море. Фотографии од утрово покажуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy