Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто Швајцарија повеќе не е даночен рај?
Економија

Зошто Швајцарија повеќе не е даночен рај?

19/06/2023

AA

Швајцарија ја зголеми деловната стапка на 15 отсто.

Швајцарските гласачи го одобрија воведувањето на глобален минимален данок за компаниите и закон за климата што има за цел да ја намали употребата на фосилни горива и да постигне нула емисии до 2050-та година, објави јавниот радиодифузен сервис „SRF“, цитиран од „Reuters“. Скоро 80 отсто од оние што гласаа на националниот референдум на 18 јуни го поддржаа зголемувањето на деловниот данок на земјата на глобалната минимална стапка од 15 отсто од сегашниот просечен минимум од 11 отсто.

„Ова гарантира дека Швајцарија нема да изгуби никакви даночни приходи за странските земји. Ова ќе создаде и правна сигурност и стабилна рамка“, рече министерката за финансии Карин Келер-Зутер.

Пред две години, Швајцарија им се придружи на речиси 140 земји кои потпишаа договор на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за утврдување минимална даночна стапка за големите компании. Овој потег има за цел да ја спречи практиката на префрлање на профитот во држави со низок данок.

Министрите за финансии на земјите од ЕУ во 2019 година се договорија да ги тргнат Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од листата на земји што важат за „даночен рај“.

foto freepik.com/kavalenkava

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026
Македонија

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни

29/07/2026
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44725
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026

Засилен сообраќај е регистриран утрово на патиштата низ земјава, а најголем метеж има на граничниот премин Богородица, каде што возачите

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни од над 3,5 милиони денари

29/07/2026

Повеќе од 500 инспекциски контроли биле спроведени низ државата во текот на изминатата недела, при што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање, ДУИ се заканува со Бадентер

28/07/2026

Предлог-законот за правична застапеност сè уште ја чека одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да биде ставен на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy