
„ЗОШТО НИКОЈ НЕ СЕ ЖАЛИ НА СИЛУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ?“Србите што се враќаат од одмор од Грција, се жалат на колоните за излез од земјата
На Фејсбук има голем број групи на кои луѓето си ги споделуваат разните искуства. Во една таква група „Live from Greece“ се споделуваат искуства за одмор во Грција, за сместувањето, најдобри плажи и слично.
Неодамна, се појави пост во кој жител на Србија реагира на четиричасовна колона за влез во Грција.
„ Зошто никој не објави (или јас не видов) за вчерашното силување на грчките цариници! Чекавме точно 4 часа на излезот од ГР, а зад нас имаше колона двојно поголема… Што ќе се случи на 17 јули кога е вака во јуни… Навистина срамота, да ти се згади и граница и одморот, и вака е со години!“, пишува член на групата.
ФОТО:ГП Богородица принтскрин/Илустрација
