Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали сме ние нормални? Државна фирма на школите им продава македонска струја по унгарска цена, па дури и наплаќа 3,3 отсто маржа!!!
Економија

Дали сме ние нормални? Државна фирма на школите им продава македонска струја по унгарска цена, па дури и наплаќа 3,3 отсто маржа!!!

19/06/2023

AA

Зошто училиштата да плаќаат струја по цена од берза? Па тие не се комерцијални правни лица чија цел е максимизација на профитот! Разочарувачки и иритантен е односот на високоплатените државни службеници кои ги креираат енергетските политики. Затоа што ниеден од тие одлично платени државни „чиновници“ не мрдна со прст за да ги изводи школите од пазарот на струја? За нив треба да има регулирана цена, да бидат „под државна капа“ исто како и домаќинствата, јавните болници и градските водовни претпријатија. Тие што не мрднаа со прст, а се платени со народни пари овозможија „пљачка“ државниот буџет со тоа што не спречија школите да плаќаат струја по берзански цени. Да биде иронијата поголема тендерот го доби државната фирма ЕСМ Продажба која освен што ќе наплаќа македонска струја по маџарска цена па и згора ќе наплати и 3,3% провизија! Да не заборавиме дека во ЕСМ, фирмата – мајка на ЕСМ Продажба, Владата во тек на енергетската криза вбризга повеќе од 100 милиони евра буџетски пари…

Осум основни училишта од Општина Центар ќе плаќаат струја по берзански цени и за тоа ќе издвојат до 885.000 евра. Нема фиксна цена на струјата ниту субвенции од државата за државните односно јавните училишта во земјава! Ова се поразителни факти од најновиот тендер за снабдување со струја на овие основни училишта, а деталите се достапни на овој линк:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/6dcc9cc1-26b0-40ba-ae3f-9bbab953176c

Дополнително разочарување е тоа што училиштата ќе плаќаат по цената на струја која е постигната на берзата ХУПЕКС во Унгарија и покрај тоа што повеќе од еден месец работи успешно и македонската берза за струја!

Најнов пример за индиспонираноста на надлежните државни институции е тендерот за набавка на струја за осум основни училишта во Општина Центар. Школите „Киро Глигоров“, „Коле Неделковски“, „Свети Кирил и Методиј“, „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“, „Гоце Делчев“, „Јохан Ханјрих – Песталоци“ и „Кочо Рацин“.

Сите училишта заедно, под покровителство на Општина Центар распишале заеднички тендер за набавка на струја. Нормално, за да ги намалат трошоците. Затоа што друг избор и немале. Затоа што државата не им дава субвенции како што им дава на домаќинствата.

На тендерот имало три понуди од кои најповолна била таа на државната компанија ЕСМ Продажба.

Зошто се шиканира Македонската берза за струја?

Дополнителен срам за сите надлежни инстанци е тоа што и покрај тоа што постои еден месец наназад Македонската берза за струја не е референтен извор на цени за продажба на струја. Тендерските постапки се прават така што како референтен извор за утврдување на цената е унгарската берза ХУПЕКС. Аргументот кога се воведе референтниот извор беше дека Македонија нема берза па затоа се зема за референтна цената на најликвидната регионална берза, а таа е ХУПЕКС.

Еве од пред еден месец Македонија има берза, но уште никој не ги менува тендерските спецификации…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
Македонија

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45437
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026

Д-р Синиша Стојаноски е именуван за нов директор на ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Тој е доцент на Институтот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy