Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто е битно да се открие ракот на бели дробови во рана фаза?
Македонија

Зошто е битно да се открие ракот на бели дробови во рана фаза?

16/02/2024

AA

Ракот на белите дробови останува еден од најраспространетите и најсмртоносните форми на раккако во светот, така и во Македонија.  Сепак, напредните медицински истражувања и нови технологии помагаат во рано откривање и превенција на ракот на белите дробови. Според Светската здравствена организација (СЗО), ракот на белите дробови е одговорен за приближно 2 милиони нови случаи и 1,8 милиони смртни случаи на глобално ниво секоја година.

Во Македонија инциденцата е 14,9% или 1135 нови случаи секоја година, а бројот на лица починати од рак на белите дробови во Северна Македонија за 2020 година е 1.055 или 4,59%, што ја става државата на 10-то место во светот според стапката на смртност. Инциденцата на рак на белите дробови во Северна Македонија ги одразува глобалните трендови, при што преваленцата на пушењето и загадувањето на воздухот играат значајна улога во развојот на болеста. Пушењето како примарен фактор на ризик за развој на рак на белите дробови е главната причина кај приближно 85% од случаите. 

Заради ваквите бројки, докторите раната детекција ја издвојуваат како клучна за  навремено третирање. Само така може да се зголеми стапката на преживување на заболените лица. 

Ако ракот на белите дробови се открие во порана фаза и пред да се прошири, поголема е веројатноста дека успешно ќе се излекува. Скрининг за рак на белите дробови се препорачува за одредени луѓе кои пушат или порано пушеле, но кои немаат никакви знаци или симптоми. Обично симптомите на рак на белите дробови не се појавуваат додека болеста е во рана фаза, а кога се појавуваат симптоми, истите можат да бидат слични со симптоми на инфекција и долгорочни ефекти од пушењето. 

Досега спроведените скрининг програми и студии во светот даваат резултати кои придонесуваат кон убедливо намалување на смртноста како резултат на спроведувањето на навремен скрининг за рак на белите дробови кај лица со висок ризик од ова заболување со смртоносни последици. Национално делување, кревање на свеста кај граѓаните за јавното здравје и потребата од скрининзи се клучни во мисијата за спасување што повеќе човечки животи, особено кај ризичната категорија граѓани. 

Клиника Жан Митрев за првпат во државата спроведува национална кампања за бесплатен скрининг за рак на белите дробови. Пациентите за првпат имаат можност да направат превентивни бесплатни испитувања за тоа дали носат ризик за развој на рак на белите дробови, навремено откривање на асимптоматските пациенти и дијагностицирање во рана фаза кај ризични групи на пациенти. Лицата коишто ќе бидат позитивно дијагностицирани, ќе бидат упатени на целосен оперативен и онколошки третман од стручниот медицински тим во Клиника Жан Митрев. 

Сите заинтересирани граѓани коишто сакаат да направат бесплатен скрининг, може да се пријават со пополнување на онлајн прашалник на интернет страницата на Клиника Жан Митрев, а повеќе информации за начинот на пријавување може да добијат на телефонскиот број 02 3091 484. Прашалникот е насочен со цел да се проценат ризик факторите за заболување од рак на бели дробови. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy