
Зоран Трајчевски реизбран за директор на АВМУ
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на својата денешна 26-та седница, донесе одлука д-р Зоран Трајчевски да продолжи да ја раководи институцијата.
Со оваа одлука, Трајчевски добива нов петгодишен мандат на чело на регулаторното тело за медиуми.

