Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ
Македонија

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

10/07/2023

AA

Преку соопштение до медиумите компанијата „Фероинвест“ во која мнозински сопственик е Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер за економија, на недоличен начин преку сериозни обвинувања, прави обид за јавна дискредитација на трудот на колешките и колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Поттик за обидот за медиумско омаловажување на новинарите од овој медиум, како што е наведено во соопштението на „Фероинвест“, е најавата за нова емисија на ИРЛ за компанијата „Брако“ и за модуларните болници, а поврзана со трагедијата во која изгоре модуларна болница во Тетово на 8 септември 2021 година, трагедија во која животите ги загубија 14 сограѓани.

Прво, во нивното соопштение тие се обидуваат да направат конспирација дека „на мета се само компании во сопственост на македонски бизнисмени“, со што се остава впечаток дека останати бизнисмени кои не се етнички Македонци не се од интерес на новинарите во Македонија. Ваквиот наратив е опасен зошто се прави обид за етничка дискриминација во која скриената порака е дека новинарите се селективни, а ова пак може да предизвика и кривични дела од говор на омраза како и насилство кон поединци од медиумскиот сектор. Доколку лица од менаџментот на „Фероинвест“ имаат сознанија за други кривични дела од останати компании во државата, без разлика на етникумот на менаџерите во овие компании, тие се должни да дадат исказ во надлежните институции.

Освен етничката нота во соопштението на „Фероинвест“, се забележува агресивен и клеветнички говор кон ИРЛ: …„после секоја од серијата нивни крајно невистинити, тенденциозни и манипулативни емисии и написи за компаниите на Кочо Анѓушев…“. Овој пристап повторно може да ги направи цел на идни закани и напади медиумските работници, a со тоа и директно да се загрози слободата на изразување и да креира амбиент на самоцензура кај сите новинари.

Трето, преку овој дел од соопштението: „ги повикуваме финансиерите на овој портал, кои порталот ги прикажува како свои поддржувачи, да проценат дали вреди да ги поддржуваат овие појави, од кои се дистанцира професионалната медиумска фела, и дали стојат зад нивните текстови и зад атаците кон македонскиот бизнис и бизнис личности“, се прави јавен притисок не само кон ИРЛ, која е многу пати наградувана редакција токму поради своите новинарско – истражувачки трудови, туку и кон донаторите кои ја поддржуваат нивната работа и општо истражувачкото новинарство во Македонија.

Индикативно е што ваков јавен притисок за работата на ИРЛ се прави пред да се објави нивната емисија, а поврзана за работата на фирмите во рамки на „Фероинвест“. Токму ова, но и грубиот говор како и поттикнувањето на омраза на етничка основа во нивното соопштение, остава сомнеж дека тие сакаат да ја попречат работата на ИРЛ а со тоа и да ги демотивираат останатите новинари и медиуми да имаат интерес за работата на оваа компанија.

Потсетуваме дека доколку менаџментот на „Фероинвест“ има искрен проблем со објави од било кој медиум има законски инструменти и тоа: барање на исправка или демант, а освен ова, медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) се на располагање на сите граѓани кои сметаат дека не се запазени професионалните стандарди во медиумското известување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат,

29/06/2026
Македонија

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го

29/06/2026
Македонија

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш

29/06/2026
Македонија

Мицкоски: Опозицијата го блокира Изборниот законик, Македонија ќе ги победи

29/06/2026
Македонија

Филипче објави фотографија вечерва од Собрание, 14 пратеници напишале 10

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44041
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Пожарот кај Шуто Оризари сè уште не е изгаснат, се шири густ чад и

29/06/2026

Пожарот што избувна во реонот на Шуто Оризари, во близина на „Џиџи Комерц“, сè уште не е целосно изгаснат, информира

Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го одбил барањето за нејзино изземање

29/06/2026

Обвинителката Наташа Сарамандова останува дел од обвинителскиот тим кој го застапува обвинението против 34 обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Регионот се прости од Владо Јаневски: „Нашите заеднички концерти засекогаш ќе останат во сеќавање“

29/06/2026

Веста за смртта на македонската музичка легенда Владо Јаневски предизвика голема тага не само во Македонија, туку и во целиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy