
Значително забави растот на цените на становите во Скопје
Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година за зголемиле за седум проценти во однос на истиот период претходната година, покажува индексот на цените на становите што го изготвува Народната банка.
Станува збор за значително забавување на растот на цените кој во изминативе години континуирано беше над двоцифрената граница на квартално ниво.
Според Ивица Јакимовски од Градежната комора при Сојузот на стопански комори, цените годинава нема да растат. „Само во тоа сум сигурен, дека нема простор за раст на цените на становите. Дали има простор за намалување, во овој момент не сум сигурен. Имаме стабилни цени на градежни материјали, значи од таа страна немаме проблем. Но, имаме проблем на страната на работната сила. Недостигот на работници создава притисок за раст на платите, што може да биде вистински товар во наредниот период“, вели тој.
