Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИТИЧАРИ ВО НАДЗОРНИ ОДБОРИ НА КОМПАНИИ: Кадиевска – Војновиќ од ВМРО-ДПМНЕ „ќе го контролира“ КИБС
Економија

ПОЛИТИЧАРИ ВО НАДЗОРНИ ОДБОРИ НА КОМПАНИИ: Кадиевска – Војновиќ од ВМРО-ДПМНЕ „ќе го контролира“ КИБС

10/01/2024

AA

Маја Кадиевска – Војновиќ, која е дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, е назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Кадиевска – Војновиќ е професорка на „Американ колеџ“ и поранешна вицегувернерка на Народна банка, важи за редовен и гласен критичар на актуелната власт, а во ИО на КИБС доаѓа на местото на Весна Дацева.

Најпознат досегашен пример во кој политичар на голема партија прифаќа да биде член на Надзорен одбор во некоја влијателна компанија е генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Тој со доаѓањето на новата власт стана член на ИО на Стопанска банка – Битола. Лани во август поднесе оставка од лични причини, односно јавноста беше известена дека тоа го направил поради поголемите политички ангажмани.

Клириншка куќа КИБС е компанија која е многу значајна за финансискиот промет во земјата, бидејќи основна дејност и е порамнувања на меѓубанкарските плаќања. Во оваа фирма чие седиште е во Скопје, просечната нето плата одамна е над 1.000 евра месечно.

Официјалните податоци за оваа компанија, чија основна дејност е да ги порамнува трансакциите меѓу деловните банки во земјава, покажуваат дека во 2022 приходите изнесувале 310 милиони денари, а во ова друштво поголемиот дел од трошоците се користат за исплата на плати. Главна дејност на КИБС се интербанкарските порамнувања и заради тоа основен извор на приходи се провизиите и надоместоците. 

КИБС е основан во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Македонија кога деловните банки ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. Настана со реформата на платниот промет и трансформацијата на тогашниот ЗПП – Завод за платен промет, како потреба да се создаде институција којашто ќе врши обработка, клиринг и порамнување на малите меѓубанкарски трансакции. 

КИБС е сопственик и на Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), кој стана предмет на законско регулирање со решение на Министерството за финансии. Кон крајот на 2008 година КИБС го формираше и Македонското кредитно биро (МКБ) како независна компанија со база на податоци на обврските на правните и физичките лица со цел да им дава информации на банките и финансиските друштва за нивната задолженост и редовноста во подмирувањето на обврските. Освен клирингот, КИБС ги издава и дигиталните сертификати.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy