
ЗЛОСТОРСТВО ВО ЦРНА ГОРА: Полицаец ги убил сопругата и синот оти не можел да се справи со болеста на детето
Страшно злосторство ја потресе Црна Гора.
Полицаецот во пензија Марко Дробњак синоќа во Подгорица ги убил 12-годишниот син и сопругата, а ќерката успеала да побегне низ прозорецот и така се спасила. Дробњак се решил на овој чекор бидејќи не можел да се справи со болеста на својот син. Тој пред неколку години доби награда затоа што бил ранет додека се обидувал да спречи крадец да ограби жена на улица. Тогаш разбојникот го нападнал и го ранил со нож.
Полицијата уште дежура пред зградата во која синоќа се случи грозоморно семејно злосторство. Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за делото.
фото Министерство за внатрешни работи