Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Златото никогаш поскапо: Што се крие зад вртоглавиот раст на цената на овој благороден метал?
Македонија

Златото никогаш поскапо: Што се крие зад вртоглавиот раст на цената на овој благороден метал?

08/02/2025

AA

Цената на златото расте побрзо од кога било, а Америка ги трупа акциите како да се подготвува за големи економски шокови. Инвеститорите, од друга страна, бараат сигурност, додека светските пазари го чувствуваат притисокот поради недостигот на благородниот метал.

Цената на златото руши рекорди и се чини дека нема да престане наскоро. Пред само една година, фина унца од овој благороден метал на светскиот пазар вредеше околу 2.000 долари. Денес опасно се приближува до 2.900 долари, а многумина се прашуваат – што всушност се случува?

Една од главните причини за оваа златна треска е неизвесноста во глобалната економија, а особено стравот од трговска војна која би можела да ја поттикне новостариот американски претседател Доналд Трамп. Инвеститорите обично се свртуваат кон златото како сигурна инвестиција во неизвесни времиња, но овој пат приказната е малку посложена.

Имено, аналитичарите забележуваат интересен тренд: златото што моментално се купува оди во Соединетите Американски Држави. Само во декември од Швајцарија во Америка биле префрлени дури 64 тони злато. На прв поглед нема многу смисла. Ако се работи само за страв од протекционистички мерки, тогаш и американскиот долар би бил безбедно засолниште за инвеститорите.

Карстен Фрич, аналитичар на Комерцбанк, за ДВ посочува дека Доналд Трамп не е познат само по трговските војни, туку и по царините на стоките увезени во САД. А златото е суровина. Никој не знае дали ќе воведат царини за златото, но инвеститорите си играат на сигурно: подобро да се купи и донесе злато во Америка отколку да се ризикува со скапи царини во иднина.

Трендот е особено видлив на Њујоршката берза (COMEX), една од најголемите стокови берзи во светот. Во декември таму пристигнале 123 тони злато, а од почетокот на годината уште 290 тони. Вкупната залиха на злато на таа берза сега е околу 1.000 тони, ниво што не е забележано од летото 2022 година. Згора на тоа, само од изборната победа на Трамп во ноември, златните резерви на COMEX се зголемија за дури 75%.

Американската глад за злато предизвикува проблеми и на други пазари, вклучувајќи го и Лондон, кој служи како главна берза за злато во светот од 1919 година. Но, дури и лондонските инвеститори почнаа да испраќаат злато во Америка бидејќи заработката на COMEX е многу поголема. Сегашната провизија за фјучерс договори за злато во Њујорк се искачува до 60 долари за унца, што отвора можност за брз и сигурен профит.

Сепак, ова движење на златото преку Атлантикот ги забавува испораките во Лондон. Банката на Англија, која вообичаено физички испорачува злато во рок од неколку дена, сега доцни и до два месеци.

Уште колку може да порасне цената на златото? Нема сигурен одговор на тоа прашање, но Јерг Шерер, експерт за техничка анализа во HSBC, верува дека златото многу брзо ќе ја пробие границата од 3.000 долари за унца.

Роберт Ретфелд од Wellenreiter-Invest се согласува, но забележува дека растот ќе престане по тој праг. На крајот на денот, златото е сигурна инвестиција, но го блокира капиталот што би можел да се инвестира во други, можеби попрофитабилни, бизниси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy