Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Злато вредна победа на Звезда, драма во Минхен
Спорт

Злато вредна победа на Звезда, драма во Минхен

30/01/2024

AA

По триумфот во „вечното дерби“ против Партизан во неделата, Црвена Звезда се врати на победнички патеки во Евролигата, совладувајќи ја Валенсија на домашен терен со 82-64.

Со неа ги задржа шансите за пласман барем во плејинот со оглед на тоа што му се доближи на денешниот противник на две победи, на десет кола пред крајот на основниот дел од сезоната. Звезда мошне рано се одлепи и направи клучна предност, пред се благодарение на серијата од 12-0 пред крајот на првата и почетокот на втората четвртина по која поведе со 23-12. Оттогаш до крајот, Валенсија само во неколку наврати се симна на едноцифрена негатива, но далеку од тоа дека ја загрози победата на домаќинот.

Вистинска драма се случуваше во Минхен каде Баерн ја победи Басконија со 112-109 дури по продолжение иако можеше тоа да го направи по 40 минути игра. На три минути пред крајот, домаќините водеа со 94-85, но Басконија направи 9-0 и го одведе натпреварот во продолжение.

Таму двете екипи се менуваа во водство, на 40 секунди пред крајот Маринковиќ израмни на 107-107, но Вајлер-Баб потоа постигна тројка со која го скрши моралот кај противникот и му донесе победа на Баерн. За издвојување од овој натпревар, освен седумте тројки на Хауард, е ефектот на Коди Милер Мекинтаер кој постигна 20 поени и 15 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Баерн – Басконија 112-109
Црвена Звезда – Валенсија 82-64
Асвел – Фенербахче 73-83
Олимпијакос – Алба 101-87
Реал – Макаби

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy