
Зимата пристигна точно во 16:03 часот – пред нас се најдолгата ноќ и 88 студени денови
Точно во 16:03 часот попладнево, календарски и астрономски, зимата пристигна во Македонија и на целата северна хемисфера. Во исто време, на јужната полутопка на Земјата започна летото.
Денешниот ден, 21 декември, е познат како зимска краткодневица – тоа значи дека го имаме најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината. Од утре, денот постепено ќе започне да се зголемува.
Според пресметките, ова годишно време ќе се задржи 88 денови. Зимата ќе трае сè до 20 март 2026 година, кога ќе и го отстапи местото на пролетта.
До крајот на оваа 2025 година остануваат уште точно 10 дена.

