Жолт и портокалов метео аларм за Македонија: Во овие делови доаѓа невреме со дожд и грмотевици
Доцна попладнево, ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината е можно краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.