Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЖИВКО МУКАЕТОВ: Во делот на лековите и детската козметика сме лидери на македонскиот пазар
Економија

ЖИВКО МУКАЕТОВ: Во делот на лековите и детската козметика сме лидери на македонскиот пазар

21/06/2023

AA

Речиси 25 години Живко Мукаетов ја гради својата кариера во „Алкалоид“, работејќи на повеќе позиции, а на чело на компанијата е речиси 20 години. За компанијата тој вели дека историски гледано, таа растела и се развивала низ многу специфични времиња и системи во текот на своето 9-децениско постоење, но секогаш покажувала резилиентност и брза адаптација кон промените. Во ексклузивното интервју за InStore тој додава дека постојано се работи на достоинствена и посветена глобализација на „Алкалоид“, а во регионот е веќе креирана фузија за деловен развој кој секогаш е поттикнат со инвестиции, кои во последните пет години достигнаа 104,1 милиони евра.

Како Вие, лично, го доживувате развојниот пат на „Алкалоид“ откако сте на позицијата генерален директор, а и лично Вашиот во рамките на компанијата? 

Мојот пат во „Алкалоид“ го почнав на свои 25 години, во септември 1999, од базичните хиерархиски нивоа на компанијата, од каде што преку разни менаџерски позиции, во мај 2006 година бев назначен за генерален директор, а потоа и претседател на Управниот одбор. Со доаѓањето на најодговорната позиција во еден голем систем како „Алкалоид“, со цврсто поставени принципи на корпоративно управување, настојував да внесам нова енергија согласно спецификите на модерните текови. Во 2006 година пласманите на „Алкалоид“ изнесуваа 57,7 милиони евра, а 2022 година ја завршивме со 231,9 милиони евра консолидирани продажби. Овој четирикратен пораст, во услови кога речиси секоја година била одбележана со некаков кризен предзнак, воопшто не беше лесен. Но, историски гледано, компанијата растела и се развивала низ многу специфични времиња и системи во текот на своето 9-децениско постоење, но секојпат покажувала резилиентност и брза адаптација кон промените. Во контекст на успешниот развој, можеби клучните зборови се посветеност и напорна работа.

„Алкалоид“ во моментов е компанија на над 2.700 семејства, а секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. 

За „Алкалоид“,
регионот е стартна точка од каде што се гради глобалната стратегија. Имаме
производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и тим за
корпоративни правни работи во Загреб.

„Алкалоид“ е посакуван бизнис-партнер како на македонскиот така и на странските пазари. Што треба да исполнува една компанија за да биде ваш соработник/партнер?

Во листата со доставувачи на „Алкалоид“ на македонскиот пазар регистрирани се околу 1.200 мали и средни претпријатија. Листата со соработници и партнери во земјава и во регионот брои повеќе од 1.500. Во сите наши операции се залагаме за испорачување константно висок квалитет, чесност, исполнителност, висока деловна етика, професионален интегритет и кредибилитет кои ги бараме кај секоја компанија со која имаме воспоставено каков било вид соработка.

Колкав процент зазема извозот во работењето на „Алкалоид“? Кој пазар од Јадранскиот Регион е најдоходовен, а кој воопшто на светско ниво каде што работите? Кои производи се предводници на порастот?

Во првиот квартал од 2023 година 72 отсто од нашите пласмани беа наменети за извоз. Србија е нашиот најголем извозен пазар, а процентуално, земјите од Југоисточна Европа учествуваат со 29 отсто во извозот, 20 отсто се наменети за Источна Европа, 22 отсто се пласмани на западноевропските пазари.

Според категоријата на производи, предничат фармацевтските со 90 отсто, а 10 отсто се од сегментот хемија, козметика и билкарство.

Кои се главните разлики во работењето во другите држави во кои е застапен „Алкалоид“ во споредба со Македонија? Што може да се научи/примени во работењето кај нас?

Секој пазар има своја специфика и треба да се третира индивидуално, а за да бидете конкурентни на кој било странски пазар, неопходни се инвестиции во локални кадри, во производствено портфолио, во маркетинг. Од друга страна, фармацевтските производи се високо регулирана категорија и влезот на странските пазари е исклучително тежок. Но, процесот на глобализирање на брендот „Алкалоид“ е почнат пред околу две децении. Во тој поглед комплетно сме подготвени за адаптација на веќе прифатените законски и деловни норми и правила на работење кои се практикуваат на пазарите во високоразвиените земји во Европа, Америка, Блискиот Исток и слични, но Македонија и регионот се и остануваат главната база на нашите операции.

Каква е ситуацијата на македонскиот пазар, колкав дел од пазарот држат брендовите на „Алкалоид“ во одредени категории? Какви Ви се плановите во поглед на вложување во нови брендови, дали наскоро може да очекуваме нешто ново?

Доколку зборуваме за лекови, помошни лековити средства и додатоци во исхраната, за жал, македонскиот пазар е недоволно регулиран. До некоја мера би можел истото да го кажам и за детската козметика, а токму во овие два сегменти особено ми е драго што сме лидери на македонскиот пазар и предничиме во однос на квалитетот со увозната конкуренција.

Што се однесува до вложувањето во нови брендови, би го споменал MultiEssence кој е umbrella бренд на производи кои се издаваат без лекарски рецепт. Задоволството е големо што, на пример, нашиот производ oд овој бренд, Магнезиум 400 со Б комплекс, предничи во однос на конкуренцијата во својот сегмент не само во Македонија, туку и на пазарите во регионот.

Во изминатиот период реализиравте многубројни инвестиции, а меѓу нив беше и инвестицијата за производство на влажните марамчиња Becutan. Kолку инвестициите се поврзани со иновации и со развој на брендовите? Кои инвестиции/иновации може да се очекуваат до крајот на годинава?

Во изминативе три децении инвестициските активности на „Алкалоид“ се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. „Алкалоид“ има широка палета на брендови кои постојат години наназад, но навиките и ставовите на потрошувачите се прилично динамични и менливи, па со инвестициите, иновациите и следењето на трендовите не смее да се запре. Во сегментот фармација, лидер по бројот на екстензии е нашиот бренд Proculin воведен во 1967 година, кој прерасна во комплетна линија за нега на очите не само во Македонија, туку и во регионот. Во сегментот козметика неизбежно би го издвоил Becutan, кој речиси 5 децении ужива висок индекс на препознатливост во регионот, присутен на пазарите во близу 30 земји во светот. Неодамнешната инвестиција во погонот за производство на влажните марамчиња, вредна околу 4 милиони евра, вклучува комплетно автоматизирана и роботизирана опрема, дизајнирана и конструирана според најновите нормативи за добра производствена практика и европската регулатива за козметика. Особено ни е драго што по 15 години производство надвор од Македонија, денес комплетниот процес го спроведуваме во погоните на нашиот локалитет во Ѓорче Петров. Во овој погон се произведуваат влажни марамчиња и за други приватни трговски марки на етаблирани синџири маркети.

До крајот на годинава очекуваме да го завршиме нашиот мегапроект „Таблетно 2“, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност на производството на цврсти фармацевтски форми. На курсот на континуирано инвестирање сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот „Алкалоид“, достоинствено и посветено.

Извор: Инстор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ

19/04/2026
Македонија

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот

19/04/2026
Македонија

СПАСЕН ЖИВОТ СО ПРЕСАДЕН ЦРН ДРОБ Од донорот е пресаден

19/04/2026
Македонија

СТЕРЈО ПАПУЛИ Е НОВ ЛИДЕР НА ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ Партијата

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕГИРА ДЕКА ВЛАСТА АНГАЖИРАЛА КОМПАНИЈА ДА ЈА СЛЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА

19/04/2026
Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа по

19/04/2026
Македонија

ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги

19/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42649
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ? Вреди за лицемерието

19/04/2026

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД МОЛ Полицијата врши проверки

19/04/2026

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот порача дека Беџети има каде

19/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозицискиот СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy