
Жителка на Прилеп пријавила измама од 30.500 денари поврзана со лажна работна виза
Дваесет и шестгодишна жена од Прилеп на 4 август пријавила во Отсекот за внатрешни работи Прилеп дека била измамена за сума од 30.500 денари во периодот од 24 март до 24 јули 2025 година.
Според пријавата, жената била доведена во заблуда од лице кое се претставило дека е од Тетово и ѝ понудило посредување за добивање на работна виза. Во повеќе наврати таа му ги уплаќала договорените суми, по што лицето ја блокирало и ја прекинало целата комуникација.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.