Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Поддршка кога е најпотребно“ – Пекабеско со донација за македонските пожарникари
Македонија

„Поддршка кога е најпотребно“ – Пекабеско со донација за македонските пожарникари

05/08/2025

AA

Компанијата Пекабеско донираше повеќе од 3.000 шишиња вода и илјадници производи од сопственото производство за потребите на професионалните пожарникари, кои и овој летен период се соочуваат со зголемен број интервенции на терен, во екстремно тешки услови и на високи температури.

Донацијата, која содржи 3.360 шишиња вода, 5.432 паштети и 1.016 парчиња нарезоци, е директен одговор на барањето доставено од Синдикалната организација на професионални пожарникари, кои побараа поддршка во вид на храна и пијалаци за време на нивните долготрајни и ризични интервенции.

„Во вакви моменти, кога пожарникарите се на терен борејќи се со огнените стихии и ризикуваат за да спасат животи и имоти, сметаме дека е наша должност да покажеме солидарност и благодарност. Оваа донација е мал гест на голема почит кон нивната пожртвуваност,“ изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско, македонска компанија со 45-годишна традиција.

Од Синдикатот на професионални пожарникари упатија јавна благодарност до менаџментот и вработените на Пекабеско.

„Во услови кога секоја капка вода и секој оброк значат многу за пожарникарите кои се на терен со часови, ваквата поддршка не само што е добредојдена, таа е и мотив повеќе. Благодарност до Пекабеско што покажа дека стои зад оние кои се на првата линија во справување со катастрофи“, изјави Филип Стојков, претседател на Синдикалната организација на професионални пожарникари.

Овие активности се само дел од постојана грижа за заедницата на Пекабеско покажувајќи општествена свесност, но и колку високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари. Оваа македонска компанија перманентно ја зајакнува и својата општествено-одговорна компонента, гради партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и хуманистички активности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy