
Жичницата на Водно не работи, има силен ветер!
Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информираат дека жичницата на Водно денес нема да работи.
Како што велат, има силен ветер.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од таму

