
Жена во Србија го претепала својот зет, а потоа ги повредила и полицајците кои дошле да ја приведат
Жена во Младеновац во Србија го претепала својот зет, па ги изгребала и ги гризнала полицајците кога дошле да ја приведат.
Полицијата ја уапси Ј. В., која вчера во Младеновац под дејство на алкохол го претепала својот зет З. М. При приведувањето жената изгребала и гризнала еден полицаец за раката, а друг за дланката. Повредените мажи се примени во Здравствениот дом во Младеновац, каде што им се констатирани полесни физички повреди. На Ј. В. за семејно насилство и напад врз службено лице одреден ѝ е полициски притвор до 48 часа. Во Србија во полициските билтени често има случаи на семејно насилство.
