
Жена од балкон гледала што прави Коста Кецмановиќ во училишниот двор
Сведок раскажа што направил Коста Кeцмановиќ откако повикал полиција по масакрот кој вчера се случи во Белград.
Жена која гледала од балконот вели дека момчето откако повикало полиција, ја ставило капуљачата на глава, го ставило ранецот меѓу нозете и ги подигнало рацете и така ја чекал полиција. Подоцна при апсењето полицијата го покрила со јакна, пренесе „Курир.рс“.
Да потсетиме, ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици и еден член на обезбедувањето, додека повреди шест ученици и еден наставник по историја.
Резултатот од токсиколошкиот тест на тринаесетгодишникот кој вчера изврши масовно убиство е негативен. Информацијата ја потврди адвокатката на семејството, Ирина Боровиќ. Таткото на детето утре ќе биде сослушан.
За петок, 5 мај, повеќе синдикати на просветни работници најавија целосен прекин на работата при што вработените ќе бидат во училиштата, но нема да се изведува настава. Тие бараат поголема безбедност.
Србија презема повеќе мерки за да нема вакви немили настани во иднина.
