
Жена наплаќала бесплатен тоалет на фестивал во Германија, „заработила“ пар илјади евра
Полицијата истражува чистачка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на Cannstatter Volksfest во Штутгарт и на тој начин „заработила“ неколку илјади евра.
Порталот Stuttgarter-Nachrichten пишува дека чистачката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатувала. Жената била уапсена од полицајци во цивилна облека.
Полицијата: Ова е неприфатливо
Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Х објавила случај на нелегална заработка на фестивалот. Објавиле и фотографија од заработката на чистачката.
Чистачката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага“, соопштија од полицијата.
