Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАПРЕ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО „ЕУРОНИКЕЛ“, ИМА САМО ТОПЛО ОДРЖУВАЊЕ НА ПЕЧКАТА – пристигна ли здрава понуда за спас на комбинатот кој преживеа и стечај
Економија

ЗАПРЕ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО „ЕУРОНИКЕЛ“, ИМА САМО ТОПЛО ОДРЖУВАЊЕ НА ПЕЧКАТА – пристигна ли здрава понуда за спас на комбинатот кој преживеа и стечај

13/10/2023

AA

Беше прогласено за најуспешното излегување од стечај во земјава, но
неколку години подоцна, кавадаречкиот комбинат за никел повторно се соочува со
проблеми во работењето. Дали тие ќе се надминат со новиот потенцијален купувач
или стратешки партнер кој е во најава, засега тоа е само во зоната на
претпоставките. Порано се викаше ФЕНИ, а со новото име „Еуроникел индустри“, кои
на комбинатот му го дадоа новите газди, компанијата ГСОЛ, требаше да биде една добра
деловна приказна, за што се држеа специјални пресконференции за тоа како еден
проблематичен субјект, успеал да излезе од стечајот и да се врати во одлична
кондиција. Но, она што сега се случува во ФЕНИ, барем како што говорат
работниците и синдикатите, не е премногу „бајковито“.

Блумберг Адрија објави дека понуда за преземање доставила компанијата „К.А.Д менаџмент сервисес“, која е сегашен
деловен партнер на Еуроникел индустри. Синдикатите и работниците засега немаат
таква информација.

Спопред информациите од Синдикатот на „Еуроникел индустри“, почнувајќи од
6-ти овој месец, во компанијата постои застој во производството, односно има
таканаречено топло одржување на печката, со што таа практично се држи во
кондиција да не се угаси, но не се одвива производниот процес во фабриката. 
На работниците им било објаснето дека причината за овој застој е фактот
што има недостиг од репроматеријали за производство, но и не може да се
обезбеди пласман за готовиот производ.

Но, како што велат нашите извори, и самото топло одржување на печката
предизвикува големи трошоци за електрична енергија, бидејќи се трошат по 5 или
7 мегавати за час, што, пак, се проценува на околу 100 евра за час дури и кога
комбинатот не работи.

Наводно, од странските нови менаџери на комбинатот е кажано дека оваа
ситуација ќе трае три недели, со цел да се надминат проблемите.

Инаку, како што претпоставуваат од синдикатите, швајцарскиот фонд ГСОЛ се
јавува како официјален сопственик на комбинатот, но таму, наводно, се
појавувало и своевидно двојство, така што извесна грчка фирма е всушност
задолжена за носење на руда за преработка во комбинатот, и потоа продавање, односно
обезбедување пласман за никелот.

„Таа фирма сега не може да се снајде во својата улога и дојде до застој
во работењето“, велат работниците, кои се загрижени дека доколку не се најде соодветен
добавувач на руда, можно е да се случи и целосно стопирање на работењето.

Инаку, директор на компанијата поставен од ГСОЛ е Димитрос Пахос. Во
неодамнешен разговор со работниците, тој, наводно, им објаснувал дека
компанијата има добра финансиска кондиција.  

Но, од синдикатот се жалea дека работниците сеуште не ја зеле
септемвриската плата, која вообичаено ја добиваат од 10 до 15 во месецот.
Платата вработените ја чекаа денеска. И во поглед на платите синдикалците велат
дека порано имале меѓу најдобрите во дејноста, но сега им биле пониски од
другите комби

„Требаше после септември да се разговара за зголемување на платите, но
еве, досега тоа не се случи“, вели за Фактор Миле Ѓоргиев, претседател на
синдикалната организација на „Еуроникел индустри“.

Додава дека во моментов цената на никелот на светските берзи била околу
18.300 долари за тон, и наводно со таа цена комбинатот би немал проблеми, а на
работниците им било кажано и дека нивниот производ се продава на некоја кинеска берза, каде наводно,
цената била околуи 12-13 илјади долари за тон.

Фактор стапи во контакт и со менаџментот на компанијата, на кого му
поставивме прашања дали е точно дека
компанијата „К.А.Д менаџмент сервисес“ доставиле понуда за преземање
и спас на Еуроникел
индустри, но и дали е точно дека компанијата во моментов се
соочува со проблеми, односно има само топло одржување
на печката, а нема производство и продажба,
како и дали работниците
во
петокот ја зеле септемвриската плата,
но и кога ќе се разговара
за зголемување на платите на работниците, како што било ветено.
Но, се до објавувањето на овој текст немаме добиено одговор.

Наместо одговор до Фактор, од компанијата решија да испратат соопштение до сите медиуми во кое наведуваат дека:

„Еуроникел Индустри влегува во процес
на одржување на производните капацитети. Ова следува како резултат на пазарното
преструктуирање, промените и пазарните барања, при што е неопходно компанијата
да спроведе финансиска консолидација со што би се обезбедило понатамошно работење
и континуитет на работењето на компанијата. Вработените редовно земаат плата,
септемвриската плата е исплатена денеска, а состојбата со одржувањето на
производството ќе биде проследена со прераспределба и ротација на вработените
во различни погони. По внатрешното преструктуирање на производниот процес, кое
се очекува да трае еден месец, намерата е стабилизирање на состојбата и
отпочнување со редовна работа и план на производство според договорите и
барањата. 
Влегувањето во процес на одржување е
првенствено резултат на дејствијата на трето лице. “ArrowMetals &
Trading”, главниот снабдувач на руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи
плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава и тоа
во рок од неколку дена. Не ни е јасно дали тоа е затоа што “ArrowMetals” се
наоѓа во тешка финансиска состојба или пак има за цел да му помогне на КАДМС
што е во сопственост на г-дин Константинос Даскалакис, таткото на Андреас
Даскалакис, очигледниот сопственик на Arrow, со цел да го купи Еуроникел за
многу помала вредност“, стои во соопштението. 

Инаку, на крајот на ноември 2019 година власта организираше свечен настан
по повод една година од завршувањето на стечајот на ФЕНИ, објавувајќи дека таа стечајна
постапка не само што се покажала како
најуспешна во нашата историја, со расчистени долгови кон сите доверители,
вклучително и кон вработените, туку дека
денеска е компанија која со извоз од 200.000.000 милиони евра, учествува
со 1,8 отсто во вкупниот БДП на
државата, и исплатува на своите работници за 30 отсто повисоки плати од просекот.

„Владата будно го следеше процесот на
стечајната постапка од причини што овој комбинат е клучен за овој регион затоа
што вработува 1000 наши сограѓани кои егзистираат токму од работата во
Еуроникел Индустри. Денес Еуроникел Индустри е производител на
висококвалитетен никел, којшто успешно ги освојува пазарите во Европа, Азија и
Америка. Тоа се пазарите на кои се извезува целокупното производство, со што
компанијата се вбројува меѓу најголемите извозници од Северна Македонија. Денес
сум среќен затоа што заедно со инвеститорот ГСОЛ ве заштитивме вас работниците
и вашите работни места, а комбинатот продолжи да работи и да испраќа пораки
ширум светот дека нашата земја е атрактивна инвестициска дестинација“,
потенцираше тогашниот премиер Зоран Заев.

Нина Нинеска Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy