Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЖАЛИМЕ ЗА НЕДОРАЗБИРАЊЕТО: „Зара“ ги избриша фотографиите по критиките дека алудираат на страдањата во Газа
Економија

ЖАЛИМЕ ЗА НЕДОРАЗБИРАЊЕТО: „Зара“ ги избриша фотографиите по критиките дека алудираат на страдањата во Газа

12/12/2023

AA

Брендот Zara денеска објави дека „жали за недоразбирањето“ по острите критики на социјалните мрежи дека нејзината рекламна кампања „The Jacket“ (Јакна) алудира на војната во Газа.

Пропалестинските активисти повикаа на бојкот на брендот, коментирајќи дека куклите со бели чаршафи и скулптурите без екстремитети во рекламата алудираат на трупови во Газа.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат и дека скршениот бетон алудира на уништените згради во Газа, а на една фотографија забележале парче камен во форма на територијата на Палестина, пренесува Бета.

Компанијата Зара на Инстаграм објави дека фотографиите се избришани, а кампањата е замислена во јуни и фотографирана во септември, пред почетокот на војната на 7 октомври.

Statement from @ZARA

What do you think? pic.twitter.com/iMOCeJ2OTV

— Abu Hafsah (@AbuHafsah1) December 12, 2023

Оттаму додаваат дека скулптурите претставуваат недовршени дела во ателјето на скулпторот, со цел да се прикаже занаетчиското производство на облека во уметнички контекст.

„За жал, некои клиенти се почувствуваа навредени од овие фотографии, кои сега се отстранети, и во нив видоа нешто што беше далеку од она што беше наменето кога беа направени“, рече Зара.

Зара, додаваат тие, жали за недоразбирањето и повторува „длабока почит кон сите“.

Кампањата за бојкот на Зара беше во тренд на мрежата Х.

Зара е првиот голем западен бренд кој направи ваков драстичен чекор по критиките.

Zara is getting the Starbucks treatment pic.twitter.com/cM2gDW65Kr

— FREE PALESTINE (@missfalsteenia) December 11, 2023

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy