
Зголемување на водостојот на реките во југоисточниот, источниот и североисточниот дел на земјата
Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде детална хидролошка информација за состојбата на водотеците во земјата.
Според информациите, во текот на ноќта е забележано значајно зголемување на водостојот на реките во југоисточниот, источниот и североисточниот дел на државата.
Во текот на претстојниот ден се очекува водостојот на посочените сливови да остане висок. На одредени места постои можност за локални излевања или појава на заезерувања на водата.
Од УХМР нагласуваат дека, со оглед на состојбата и прогнозата, потребно е најголемо внимание да се посвети на претстојното движење на реките и суводолиците во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата.
