ЗГОЛЕМЕНИ СЕ КАМАТНИТЕ СТАПКИ: Бизнисите во Русија се плашат од банкрот
Бизнисите во Русија се плашат од банкрот поради активностите на централната банка
Минатата недела руската централна банка ги зголеми каматните стапки на 21 отсто, нивото со кое институцијата ја спаси економијата во раните денови од војната во Украина. Целта е да се ограничи инфлацијата, која според официјалната статистика изнесува 8,4 отсто заклучно со 21-ви октомври.
Но, дури и бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин почнаа да се грижат за тоа што се случува. Шефот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов за руските медиуми коментираше дека високата каматна стапка и се заканува на индустријата во земјата со банкрот бидејќи ја зголемува цената на позајмениот капитал, пишува „Newsweek“.
Според директорот на „Ростех“, меѓу најпогодените се компаниите како неговата – развиваат високотехнолошки производи, бидејќи авансните плаќања од клиенти покриваат 30-40 отсто од вредноста на производството, а остатокот се од кредити. Сега високите каматни стапки јадат во профитните маржи.
Стравувањата на бизнисменот се дека руската економија оди кон стагфлација – бавен економски раст и неможност да се контролира инфлацијата.
Инфлацијата во Русија е поттикната од плаќањата за војната во Украина, кои постојано растат. Затоа централната банка изјави дека каматите може да бидат зголемени на следната седница закажана за 20-ти декември.
Руската економија може да издржи уште неколку години војна.
Washington Post (WP) објави дека големите трошоци на Кремљ за војната против Украина ја туркаат руската економија кон прегревање, но дека таа има доволно ресурси за да ја одржи војната уште неколку години.
foto freepik.com