Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зголемен водостојот на Вардар, Радика и Треска, претпазливо движење!
Македонија

Зголемен водостојот на Вардар, Радика и Треска, претпазливо движење!

20/11/2025

AA

Се уште е висок водостој во горниот дел од сливот на река Вардар, а очекувано зголемен е водостојот во средниот и долниот тек од течението на реката.

Останува висок и водостојот во сливот на река Радика со нејзините притоки, а во текот на денов зголемувања на водостојот има и на река Сатеска.

Исто така, зголемен е водостојот на река Треска каде единствено е можно слабо локално излевање на реката околу местоста Пласница, но без притоа да предизвика материјални штети.

Зголемен е и водостојот на река Црна каде нема опасност од излевање на реката. Во сливот на река Пчиња е забележано зголемување на водостојот во долниот дел од сливот без опасност од излевање.

Во опаѓање е водостојот на река Лепенец и таму полека се стабилизира состојбата. Во сливот на река Струмица и во горниот дел од сливот на река Брегалница има благо зголемување на водостојот без опасност од излевање на реките.

До крајот на денот се очекува зголемување на водостојот во долниот дел од сливот на река Вардар, но без опасност од излевање на реката во тој дел.

Исто така висок ќе остане водостојот и во сливот на река Радика, река Сатеска и река Треска. На останатите водотеци низ земјава се очекува стагнација на водостоите или нивно благо намалување.

Поради се уште високите води во дел од речните сливови предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy