Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зголемен авионски сообраќај за време на изборниот викенд – 12 чартер летови на аеродромите во Охрид и Скопје
Македонија

Зголемен авионски сообраќај за време на изборниот викенд – 12 чартер летови на аеродромите во Охрид и Скопје

02/11/2025

AA

Според информациите на СДК.мк, за време на изборниот викенд, кога се одржуваше вториот круг од локалните избори, на аеродромите во Охрид и Скопје беше забележан значително зголемен авионски сообраќај, со вкупно 12 вонредни чартер летови.

Најголем дел од нив беа реализирани на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, каде во саботата, на 1 ноември, покрај редовните линии, слетаа шест дополнителни авиони. Два од нив биле од типот „Ербас А320“ со по 180 седишта од Базел, а четири „Ембраер 190“ со капацитет од 110 до 134 седишта пристигнале од Цирих.

Следниот ден, во неделата наутро, во Охрид биле реализирани уште два чартер лета – еден од Цирих и еден од Братислава.

На Меѓународниот аеродром Скопје во саботата пристигнале чартер летови од Цирих, Базел и Дортмунд, а во неделата и еден лет од Диселдорф. Капацитетот на авионите што слетале во главниот град се движел меѓу 110 и 180 седишта.

Како што пренесува СДК.мк, според видеа и објави на социјалните мрежи, голем дел од патниците биле иселеници по потекло од Струга и Кичево, двете општини во кои се гласаше во вториот круг од локалните избори.

Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека до 17:00 часот во Кичево излезноста изнесувала 48,29%, а во Струга 35,39%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Невремето предизвика проблеми и на скопскиот аеродром: Прокисна таванот

21/07/2026
Македонија

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје –

21/07/2026
Македонија

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен

21/07/2026
Македонија

Невремето предизвика штети во штипската болница, пациентите ќе бидат преместени

21/07/2026
Македонија

УХМР предупредува: Невреме од Албанија и Косово се движи кон

21/07/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонско-индиската економска соработка има голем потенцијал, целта е трговска

21/07/2026
Македонија

УХМР: Нов бран невреме од Црна Гора се движи кон

21/07/2026
Македонија

Невремето го одложи концертот на Џос Стоун во Скопје: Оштетена

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44540
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Невремето предизвика проблеми и на скопскиот аеродром: Прокисна таванот во терминалот

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде по обилниот дожд прокиснал таванот

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број пријави од граѓани до Единствениот број за итни случаи 112.

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен е кровот

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави сериозни последици и врз објектите на Градската општа болница „8 Септември“, каде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy