Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај за да не плати долг од 5 милиони евра на австриска фирма
Македонија

ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај за да не плати долг од 5 милиони евра на австриска фирма

28/10/2026

AA

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомнение за намерно предизвикување стечај со цел избегнување на обврските кон доверителите. Случајот се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев, Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.

Според соопштението на Финансиската полиција, постојат основи на сомнение дека Костов, во периодот од 2020 до 2023 година, како сопственик, управител и овластен потписник на сметките на друштвото, преземал противправни дејствија со намера да избегне плаќање финансиски обврски кон повеќе правни субјекти и да ја оневозможи наплатата на долговите.

Најголемиот дел од обврските, според пријавата, се однесувале на странски правен субјект во износ од 289.617.022 денари, додека долгот кон Управата за јавни приходи изнесувал 883.283 денари.

„Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека првопријавениот А.К. во својство на сопственик и управител, како и овластен потписник на сметките на правниот субјект, во период од 2020 до 2023 година, со цел и со однапред утврдена намера да избегне плаќање на финансиски обврски кон повеќе правни субјекти, а во најголем дел кон странски правен субјект во износ од 289.617.022 денари и Управата за јавни приходи за износ од 883.283 денари, презел противправни дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и со тоа да ја оневозможи наплатата на долговите од страна на доверителите“, се наведува во соопштението.

Според Финансиската полиција, за да создаде привидна правна основа за оптоварување на имотот на друштвото, Костов склучил договор за закуп со друго правно лице со кое исто така управувал. Иако договорот, според наводите во пријавата, не бил реално реализиран ниту сметководствено евидентиран, по неговото еднострано раскинување во 2023 година биле евидентирани пенали во износ од 233.700.000 денари. Врз основа на нив бил запишан товар врз имотот на друштвото.

По приговор на доверителите, Основниот граѓански суд Скопје издал времена мерка со која било стопирано извршувањето.

Откако не успеал во намерата за отуѓување на недвижниот имот, Костов, според наводите на Финансиската полиција, со помош на третиот пријавен, Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај на друштвото.

При тоа, се додава, биле префрлени 4.000.000 денари по основ на позајмица, средства кои претходно биле примени од правен субјект основан од сопругата на првопријавениот, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото, се наведува во соопштението.

Според медиумските објави, австриската компанија од почетокот на 2023 година се обидува да го наплати побарувањето врз основа на арбитражна пресуда во Виена, поврзано со деловен спор за извоз на корнишони.

Според тие информации, спорот произлегол од наводи дека наместо корнишони од прва класа да ѝ бидат извезени на австриската компанија, производите биле извезувани на друг странски субјект. Во меѓувреме, сопственикот на „Дена продукт“, Атанас Костов, наводно ги префрлал вработените и средствата во друга компанија, „Глобал трејд“, поврзана со неговата сопруга Емилија Заева-Костова, прва братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев.

Случајот предизвика реакции и во јавноста поради роднинската поврзаност на Емилија Заева-Костова со поранешниот премиер Зоран Заев. Поранешниот австриски амбасадор Георг Вуцас јавно реагираше во врска со постапувањето на институциите во спорот, барајќи одговорност од судии, јавни обвинители, извршители и нотари. Заев, според претходните медиумски објави, најавил судска постапка против Вуцас и се оградил од каква било инволвираност во деловниот спор.

Според последните информации, стечајната постапка сè уште не е завршена. Исходот на спорот меѓу „АММА“ и „Дена продукт“ е значаен за утврдување на правата за наплата од стечајната маса на валандовската фирма.

Во меѓувреме, и други доверители на фирми поврзани со „Дена продукт“ добиле правосилни нотарски платни налози, бидејќи должникот не поднел приговор.

Конечната разрешница ќе зависи и од постапката за утврдување дали престанало правото на „АММА“ да го наплати побарувањето врз основа на арбитражната пресуда.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
Македонија

ПИЈАН ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Приведен

28/10/2026
Македонија

ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај

28/10/2026
Македонија

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026
Македонија

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок

28/10/2026
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46403
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ ГРИП! Нова тура од 30.000

28/10/2026

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува, вакцини има доволно за сите, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Од почетокот на кампањата

ПИЈАН ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Приведен е заедно со друштвото кое

28/10/2026

Маж од Тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, по што полицијата го

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026

Едно лице е убиено од српската полиција откако, според официјалните информации, со ножеви нападнало припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy