Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот
Македонија Регион

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026

AA

Едно лице е убиено од српската полиција откако, според официјалните информации, со ножеви нападнало припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада во Белград.

Вршителот на должност министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го оквалификува инцидентот како терористички напад. Според неговата изјава, нападот се случил кратко по полноќ, кога осомничениот му се приближил на полицаецот со два ножа и го повредил лесно во пределот на лицето.

Припадникот на Жандармеријата возвратил со службеното оружје, при што напаѓачот бил убиен. Според Министерството за внатрешни работи, полицаецот дејствувал во самоодбрана.

Според Дачиќ, идентитетот на осомничениот сè уште не бил потврден, а постоеле сомневања дека станува збор за малолетно лице од градот Шабац.

По инцидентот, српските власти го подигнале нивото на терористичка закана на највисоко ниво и прогласиле „црвен степен на опасност“. Мерките предвидуваат засилени безбедносни контроли и зголемено полициско присуство на чувствителни локации, критичната инфраструктура и местата каде што се собираат поголем број луѓе.

Српските власти го третираат случајот како терористички напад, а истрагата треба да ги утврди сите околности и мотивите на напаѓачот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај

28/10/2026
Македонија

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026
Македонија

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок

28/10/2026
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46401
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај за да не плати долг

28/10/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок кај фирма во Струмичко што

28/10/2026

Речиси осум тони сув цвет од канабис недостигаат од магацини на фирма во Струмичко, која се занимава со одгледување канабис

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy