
„Земјотрес“ во Барса – во најнеочекуван момент
Каталонскиот весник Спорт денеска објави дека на заминување од Барселона размислува актуелниот спортски директор Деко кој е разочаран од условите за работа. Наводно, ништо од тоа што му било ветено во 2023 година кога ја преземал функцијата не му е исполнето.
„Деко размислува за заминување од Барселона. Многу е разочаран поради тешките услови за работа и постојано на состаноците со агентите на фудбалерите ја повторува истата реченица – дека најсиромашен спортски директор во Европа. Човекот чувствува дека нема оружје за борба и не може да ги увери фудбалерите дека треба да ја изберат Барселона пред другите клубови. Лани го изгуби Арда Ѓулер бидејќи Флорентино Перез извади повеќе пари на маса, потоа загуби од Тотенхем во битката за Бергвал. Има планови, но тие не се остваруваат“, пишува Спорт.
Деко и немаше среќа при реализацијата на своите идеи бидејќи летово сакаше да ги продаде Араухо и Де Јонг што значајно ќе ја подобреше финансиската слика на клубот, но двајцата се повредија.