
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Панама
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во петокот на 21 март 2025 година во 15:50 часот по локално време на територијата на Панама.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 123 километри југоисточно од градот Бурик.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
„Траеше многу долго, беше навистина силно“, „Се тресеше најмалку 15 секунди“, „Земјотресот беше многу силен“, се дел од коментарите на интернет.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека жителите излегоа на улица по земјотресот.
