
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот јапонски остров Хокаидо, потресувајќи ги крајбрежните градови, но не предизвика предупредување за цунами, соопшти Американскиот сеизмолошки институт.
Јапонските медиуми засега не соопштуваат дали има жртви и дали е причинета материјална штета.
Земјотресот се случил во 22 часот и 27 минути по локално време, на длабочина од околу 43 километри, соопшти американскиот институт.
Неименуван експерт ги советувал граѓаните на јапонската телевизија да бидат внимателни поради можни натамошни земјотреси.