
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди централниот дел на Филипините
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, соопшти Геофизичкиот институт на САД, цитиран од Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 19,2 километри од централната провинција Источен Самар.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија предупреди на ризик од уништување и последователни потреси, но не извести за жртви или повредени.
Филипините се наоѓаат во регионот на чести земјотреси и вулкански ерупции на Пацификот познат како „Огнен прстен“.
