Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски
Македонија

Бесими: Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски

02/11/2023

AA

Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите.

„Наредната година очекуваме поповолен тренд на раст на БДП од овој во 2023 година и да продолжиме со фискална консолидација која ја започнавме уште од 2021 година намалувајќи го буџетскиот дефицит од 8%, колку што беше во 2020 година на 4,6% оваа година и тој ќе продолжи да се намалува следната година кој ќе биде под 4% од БДП. Капиталните расходи, како и оваа година ќе бидат во износ над дефицитот, а средства ќе бидат предвидени и за антикризни мерки“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека иако годината е изборна основните постулати ќе бидат  обезбедување одржливи финансии и одржлив раст, односно дека растот ќе оди нагоре, односно над она што е планирано во 2023 година, а дефицитот надолу.

Во оваа година имаме реализација на капиталните инвестиции за 110% повеќе во однос на претходната година, а раст покажуваат и други параметри како инвестициите и домашната потрошувачка од која беше движен растот.

Надолен тренд се очекува кај инфлацијата, кој веќе е започнат и достигна 6,6% во септември, а се очекува тој да продолжи и во наредниот период и следната година да биде просечната инфлација двојно намалена односно околу 5%.

Во исто време, потенцира дека има реален раст кај платите, особено од април тие растат повеќе од инфлацијата.

Како што посочи наскоро ќе биде објавен деветтиот пакет антикризни мерки. Мерките ќе се спроведуваат до крајот на оваа година и на почетокот на следната година, а средства се одвоени во износ од 4,6 милијарди денари во Буџетот за оваа година со направената прераспределба усвоена во септември  во Собранието и во Буџетот за наредната година. Ќе бидат насочени кон ранливите категории и за поддршка на компаниите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy